Тројца починати и 163 заболени е трагичниот биланс во битката против коронавирусот во последниве 24 часа.
“Во последните 24 часа се направени 1074 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи во: Скопје-70, Куманово-2, Дебар-6, Штип-14, Прилеп-2, Тетово-25, Струга-4, Велес-2, Битола-1, Охрид-9, Кавадарци-3, Гостивар-11, Струмица-1, Крива Паланка-2, Кочани-3, Свети Николе-4, Ресен-4”, објави министерот за здравство Филипче.
Вкупно од коронавирусот за 24 часа починале 3 граѓани.
“Во ГОБ „8 септември“ починаа три лица, пациент од Ресен (42г) хоспитализиран на 13 јуни и двајца пациенти од Скопје (71г) хоспитализиран на 15 јуни и пациентка (83г) хоспитализирана на 23 јуни” напиша министерот Филипче на Твитер.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5758, бројката на оздравени пациенти е 2206, на починати е 268, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3284.
На почетокот на кризата министерот Филипче предвиде 2000 како максимална бројка на заболени од Ковид19.




