Сспоред податоците на Државниот завод за статистика, лани во Македонија се евидентирани 19.845 новородени и 20.446 смртни случаи.



Наместо растење на бројот на населението, забележан е негативен прираст од 601 лице.

Бројот на родени деца во градските подрачја изнесува 11.772 или 59,3 отсто од вкупниот број наспроти 8.073 деца или 40,7 проценти во руралните средини.

Најголемо учество во однос на вкупниот број на раѓања по региони има Скопскиот со 38,1 отсто, а со најмало е Источниот регион со 6,3 проценти, пренесе Нова ТВ.