Карл Билт: Ако се потврди обвинието од Хаг, Тачи ќе биде уапсен

Поранешниот шведски премиер, Карл Билт, изјави дека косовскиот претседател Хашим Тачи ќе биде уапсен доколку се потврди обвинението против него.



„Тој оцени дека доколку има судење, заштитата на сведоците ќе биде „поголем проблем“, пренесе синоќа Косово онлајн. -Ако обвинението, што е објавено, биде потврдено, тогаш тој ќе се соочи со апсење. И тој ќе мора да замине во Хаг и да се соочи со долго и комплицирано судење, каде заштитата на сведоците ќе биде доста голем проблем. Ќе минат неколку години. И без сомнение, ова ќе ја наруши политиката на Косово, рече Билт.

На барањето од Хаг, вчера Тачи постираше знаме на УЧК.