Шест жртви, од кои двајца во Штип и по еден во Скопје, Тетово, Охрид и Ресен, како и 153 новозаразени од 1.279 направени тестови, е билансот од последните 24 часа од битката со Ковид-19 во Македонија.
Најмногу од новите позитивни случаи (66) се регистрирани во главниот град, следува Тетово со 20, Куманово и Штип имаат по 13, Ресен 12, Струга 7, Кичево 6, Свети Николе 3, Прилеп 2 и Битола, Крива Паланка, Кочани и Пробиштип по 1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и 75 оздравени пациенти.
Досега се направени 55.735 тестирања, дијагностицирани 5.595 позитивни на коронавирус, оздравени се 2.166 лица, починати 265, а бројот на активни случаи е 3.164.





