Повеќе од 100 пациенти заразени од Ковид 19 се на кислородна поддршка во Градската болница „8 септември“, потврдил за „Фокус“ директорот Кристијан Костов.
„Кај нас се носат најтешките пациенти и тоа во последен момент. Имаме 140 хоспитализирани што е за првпат во историјата на болницата. Повеќе од 100 се на кислородна поддршка. Дури по 4, 5 реанимации имаме на вечер, што е страшно – изјавил доктор Костов за Фокус.
Секоја вечер во болницата пристигнуваат од 15 до 20 пациенти со пневмонии, кои се потенцијални носители на вирусот. Најстрашното од сѐ во приказната е тоа што таму се носат пациентите со најтешка клиничка слика, од кои дел завршуваат на респиратор, додека дел се на кислородна поддршка.
Додека на почетокот на корона кризата, скопската Инфективна клиника беше главно упориште на заболените од овој опасен вирус, наеднаш Градската болница од 16 март се претвори во главен ковид-центар.
Повеќе на овој линк





