Косовскиот претседател Хашим Тачи го извести американскиот специјален претставник за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, дека нема да дојде на состанокот во Вашингтон откако Хашкото обвинителство го обвини за воени злосторства заедно со уште 9 припадници на некогашната ОВК.
Тачи требаше да се состане со Гренел и со српскиот претседател Александар Вучиќ во Вашингтон во сабота, 27 јуни.
“Претседателот на Косово штотуку не извести дека го откажал своето патување во Вашингтон, по објавувањето на Специјалното обвинителство. Ја почитувам неговата одлука да не присуствува на расправите сè додека не се решат правните прашања на тие обвиненија”, напиша Гренел на Твитер.





