Тргнаа анкетите, власта губи во 5 од 6 изборни единици

На првиот ден на кампањата објавени две анкети од кои што може да се види расположението на гласачите во пресрет на изборите.



Во првата анкета на Македонскиот центар за меѓународна соработка нарачана од ТВ Телма во водство е коалицијата СДСМ и БЕСА со блага предност од 1,6 % што влегува во ткн статистичка грешка.

Целата анкета на овој линк

За потсетување во анкетата на Телма за референдумот за промена на името во 2018 резултатите беа промашени за над 20%. Наместо 58 проценти излезност како што објави тогаш Телма излезноста на референдум не беше ниту 37 %.

Во друга анкета за поддршката на партиите организирана од Телма во 2018 година беше објавено дека во првиот ТВ дуел меѓу Заев и Мицкоски победил лидерот на СДСМ а анкетата завршила на половина час по дуелот што укажа на лажирање на резултатот на анкетата.

Во втората анкета објавена денеска Институтот за истражување во областа на безбедноста и демократизацијата на човековите права и слободи утврдил дека во 5 од 6 изборни единици водат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалиција.

Според БИПС ВМРО-ДПМНЕ ужива најголема доверба кај македонските граѓани на територија на цела држава со 3% во водство на ВМРО-ДПМНЕ, а во 5 изборни единици води ВМРО-ДПМНЕ пред коалицијата СДСМ-БЕСА.

Само во 6-ка, каде мнозинство е албанското насление води СДСМ-БЕСА преку носителот Билал Касами.

Целата анкета на овој линк

Анкетата е спроведена телефонски во период од 16.06.2020 – 19.06.2020 врз 1.523 испитаници при што е водено сметка за демографската структура и етничката припадност.

При анализата опфатени се сите изборни единици. Маргината на грешка е плус, минус 1.5%.

Предходно БИПС не објавувал анкети од ваков тип.