„Ди Велт“: На Бугарија ѝ се заканува исчезнување!?

Според предвидувањата, во 2080 година Бугарија ќе има население од едвај 4,8 милиони луѓе, што е речиси половина од 9 милиони, колку што имаше земјата во 1990 година, пренесува агенцијата БГНЕС пишување на западни медиуми.



Бугарија ќе се соочи со стареење на населението без медицински персонал и негуватели кои одамна емигрирале во побогатите земји.

Така, „Ди Велт“ ги опишува предвидувањата за иднината на Бугарија во написот под наслов „Последниот нека го исклучи светлото“, пишува агенцијата.

Написот се однесува на предвидувањата на ОН дека населението на шест земји на ЕУ – трите балтички републики (Литванија, Латвија, Естонија), Романија, Бугарија и Хрватска – ќе се сведе на половина до 2080 година, во споредба со 1990 година.

На шесте земји им се заканува исчезнување, пишува „Ди Велт“ и додава дека тие земји веќе изгубиле 20 отсто од своето население од почетокот на демократските промени.