„Реков ‘да’, затоа што верувам во идејата за прв премиер Албанец“ изјави Насер Зибери откако денеска во Преспа беше промовиран од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, како кандидат за премиер Албанец.



Зибери рече дека како поранешен пратеник неуморно се залагал за заштита на правата на Албанците, а беше и член на преговарачкиот тим пред постигнувањето на Охридскиот договор.

„Убеден сум дека оваа задача ќе ја исполнувам во името на сите граѓани, не само на Албанците туку и на другите заедници, без оглед на националноста, религијата, политичката припадност“.

Зибери упати и порака до лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев и Христијан Мицкоски! Вие не можете да го негирате правото на Албанците да имаат премиер Албанец, вие не сте газди и сопственици на оваа земја“, порача Зибери.