Хемикалија ја загади Брегалница и ја обои во бело

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски информираше дека хемикалија за производство во компанијата „Техникал Текстајл“ во ТИРЗ Штип, вчера се излила во реката Брегалница и тоа е причината што реката беше обоена во бело.



Инспектори утврдиле дека кај возило на транспортна фирма, добавувач на хемикалија која се употребува во производствениот процес на компанијата, дошло до пукање на црево по што течноста преку атмосферската канализизација се слеала во река Брегалница.

Според градоначалникот, синоќа бил извршен увид и во штипските бунари од кои градот се снабдува со вода, но дека не било регистрирано загадување на водата за пиење.