„Њујорк Тајмс“ објави корекција на текстот за Србија, во кој беше наведено дека српскиот претседател Александар Вучиќ ќе се сретне со Доналд Трамп во Белата куќа.
„Во текстот објавен во понеделникот за српскиот претседател погрешно е напишано со кого ќе се сретне Александар Вучиќ во Белата куќа. Тој ќе се сретне со Ричард Гренел, специјалниот претставник за Балканот, а не со Доналд Трамп”, напиша Њујорк Тајмс.
Исправка на „Њујорк Тајмс“ на Твитер ја објави Гренел:
„Не сум изненаден затоа што го напишаа текстот, а никогаш не разговараа со мене. Измислуваат“, напиша Гренел на Твитер.





