„Јас верувам во надеж и мислам дека ако повикаме да изгрее сонцето над Македонија, овојпат навистина ќе изгрее. Сите заедно го знаеме тоа. И народот го знае тоа, го чувствува тоа. Потребно е само малку надеж“, порача во „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ ексминистерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, сменета поради користење на името Република Македонија.
„Јас не сакам да сум капацитет на РСМ. Јас сакам да сум капацитет на Република Македонија“, додаде таа.
„Македонската страна од мене е љубоморна на израелската, а израелската два пати повеќе на македонската. Со толку природни ресурси, со толку убавини, со толку сончеви денови, со толку плодна почва, во Македонија не можеш да умреш од глад. Ние имаме многу повеќе од Израел како природни ресурси, она што ни е потребно е добра организација“, смета првата Еврејка член на македонската Влада и втора на листата на ВМРО-ДПМНЕ во втората изборна единица.






