Турција му возврати на францускиот претседател Емануел Макрон за критикувањето на нејзината интервенција во Либија, наведувајќи дека тој мора да претрпел „помрачување на умот“ за да ѝ се спротивстави на поддршката од Анкара за меѓународно признатата влада во Триполи.



Макрон вчера ја обвини Турција дека „игра опасна игра во Либија“ и му изрази поддршка на египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси, кој во саботата изјави дека Каиро има право да интервенира во судирите кај својот сосед.

Шефот на француската држава во овој контекст не го заборави ни НАТО, велејќи дека Алијансата е во „клиничка смрт“, откако во ноември минатата година го шокира светот со изјавата дека Северноатлантскиот пакт е во „мозочна смрт“.