Во последните 24 часа По направени 1.363 тестирања, во последниѕе 24 часа регистрирани се 118 нови случаи на ковид-19 од кои, пак, речиси една половина се во Скопје.
Во ГОБ „8 Септември“ починаа четири лица од Скопје – пациент (58) примен на 9 јуни, пациент (73) хоспитализиран на 26 мај, пациентка (73) примена во болницата на 22 јуни. Починат е и пациент (72) на 21 јуни, денеска е потврден неговиот позитивен резултат.
Сега, вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 5.311, бројката на оздравени пациенти е 2.048, на починати е 251, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.012.




