„Независен“: Пендаровски не оди на парадата во Москва

Претседателот Стево Пендаровски нема да нема да отпатува за Москва утре каде ќе се одржи воена парада со која се одбележува 75 годишнината од победата во Втората светска војна. .



Од кабинетот на претседателот за „Независен весник“ кусо одговориле дека Пендаровски нема да биде на Црвениот плоштад.

Лани, кога беше најавено одржувањето на парадата Пендаровски изјави дека ја прифатил поканата на Путин да присуствува на тој настан, пишува весникот.