Вучиќ в сабота кај Трамп

Српскиот претседател Александар Вучиќ во сабота ќе се состане со американскиот претседател Доналд Трамп, објавија белградски медиуми повикувајќи се на „Њујорк тајмс“.



Средбата ќе се одржи за време на посетата на Вучиќ на Белата куќа, што дел од американската иницијатива за постигнување договор меѓу Белград и Приштина, на 27 јуни.

Според „Њујорк тајмс“, претседателот на Србија ќе се сретне и со американскиот претставник за Косово, Ричард Гренел.

Весникот повикувајќи се на американски официјални претставници, претходно напиша дека Александар Вучиќ и Хашим Тачи тајно се договориле зад грбот на ЕУ, а со посредство на Гренел.

Повикувајќи се на четворица поранешни американски официјални лица, кои цитирале лица вклучени во преговорите, „Њујорк тајмс“ пишува дека Вучиќ и Тачи склучиле таен договор за условите на идниот договор, вклучувајќи ја и идејата за промена на границите на Косово.