Пубертетот е процес кога вашето дете физички и психички се менува од дете во возрасна личност. Овој процес најчесто се одвива од 12 до 18 година. Она што најмногу ги плаши родителите е психолошката трансформација. Вашето дете почнува да го гледа светот и животот од поинаков агол. Почнува да бара поголема самостојност и прави сè за да се вклопи во својата генерација. Премногу се грижи за тоа како да го обликува своето ново тело, го копира однесувањето на своите врсници и се грижи што мислат тие за него. Сето ова резултира со постојани искри во комуникацијата родител – дете. Во овие моменти наместо да му се спротивставувате треба да најдете начин како да му дадете поддршка и разбирање на вашето дете. Стекнувањето независност ги поместува границите, кои вашето дете ќе сака да ги одреди.

Подгответе го вашето дете. На младите луѓе им треба точна информација за сексот и како да се однесуваат безбедно и одговорно. Родителите во овој дел имаат најголема улога.
Затоа кога пубертетот ќе почне обидете се да разговарате со нив за:
– менструалниот циклус, сексуалната зрелост и плодност
– научете го да каже не на несоодветни сексуални однесувања
– опасноста од несакана бременост
– сексуалните релации и значењето на здрава врска

Најдоброто нешто што можете да го направите за да го преживеете пубертетот е да разговарате со вашето дете, а не да користите само забрани од типот: „не“, „не смееш“или „не може“
Постојат работи за кои му е незгодно да разговара со вас. Понудете му помош од луѓе кон кои има доверба: роднини, пријатели или професионалци – психолози.
Пубертетот може да доведе и до екстремно однесување кое најчесто е поттикнато од работи кои возрасните ги сметаат за трагични.
Некои млади луѓе сакаат да експериментираат со алхохол и дроги. Затоа зборувајте со вашите деца и поставете јасни граници со објаснување на последиците. За жал, некои деца и покрај предупредувањето ќе посегнат по наркотици. Многу е важно да го препознаете овој момент и да побарате помош.





