Илјадници руски војници ќе учествуваат на воената парада во Москва утре во чест на победата во Втората светска војна, само една недела пред референдумот за уставните измени што треба да му овозможат на Владимир Путин да остане на власт.
И двата настани ќе се случат во услови на пандемијата на Ковид-19 која не се смирува поради што и воената парада на Црвениот плоштад по повод 75-годишнината од победата во Втората светска војна која традиционално се одржува на 9 мај, на Денот на победата, е одложена за утре, 24 јуни.
Со повеќе од 8.000 смртни случаи и околу 580.000 заразени, Русија е на третото место по бројот на случаи од корона, по Соединетите држави и Бразил.
Војници од 13 земји, вклучувајќи ги Кина и Индија, и повеќе од 200 воени возила ќе учествуваат на парадата во центарот на руската престолнина.






