Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, му упати честитка на српскиот претседател Александар Вучиќ за триумфот на неговата Српска напредна странка (СНС) на парламентарните избори во Србија, иако во интервју пред три години го нарече националист.
Наспроти сегашните комплименти за „силната поддршка за претседателот Вучиќ и партијата СНС“, Заев зборуваше сосем поинаку за него во интервју за српската Курир ТВ во мај 2017 година, безмалку еден месец пред да стане премиер.
„Затоа што во Србија постои исто така националистичко раководство, тоа е раководството на Вучиќ, кој што се декларираше себеси како лидер во регионот. Но, во првата прилика кога дојде да биде загрозена неговата политичка кариера, се покажаа сите негови националистички позиции“, вели Заев во интервјуто за емисијата „Да не се лажеме“ на Курир ТВ.




