Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција праша дали министерката за финасии Нина Ангеловска купила недвижен имот во последните шесте месеци и дали го пријавила.



„Според нашите информации кои ги добивме, вклучително и документи, министерката за финансии Нина Ангеловска крие од јавноста информации поврзани со својот недвижен имот кој што го поседува. Според информациите и документите кои што ги добивме, министерката Нина Ангеловска, која на позицијата министер е неполна година, изминатиов период купила стан од околу 100 м2 од градежна фирма со локација во Градски парк, во вредност од над 100.000 евра.

Доколку отворите на сајтот на антикорупциска комисија во информациите за имотот на функционерите односно конкретно за имотот на министерката Нина Ангеловска ќе видите дека таа нема пријавено и не поседува никаков стан“, посочи Димче Ангеловски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

Тој постави и неколку прашања:

Дали Нина Ангеловска поседува стан во непосредна близина на Градски парк од околу 100 м2 во вредност од над 100.000 евра?

Зошто Нина Ангеловска крие дека купила стан од над 100.000 евра на атрактивна локација во близина на Градски парк? Која е причината поради која што крие дека се стекнала со ваков недвижен имот?

Дали Нина Ангеловска сака да го изигра законот и да го сокрие станот со кој се стекнала изминатиов период?

Која е причината поради која што го крие станот од над 100.000 евра Нина Ангеловска?

Нина Ангеловска е должна и има законска обврска да и објасни на јавноста зошто го крие станот и вклучително на кој начин е стекнат овој стан, рече Арсовски според кој криењето на недвижен имот од страна на министер во вредност од над 100.000 евра е крајно сомнителна постапка…