Бугаринот Димитров го испрати Ѓоковиќ на тест за Ковид-19

По „хаосот“ на Адриа купот во Задар, откако се дозна дека бугарскиот тенисер Григор Димитриов е позитивен на Ковид-19, Новак Ѓоковиќ итно синоќа ја напушти Хрватска и ќе се тестира за коронавирус во Белград.



Нема податоци дека има друг заразен, но сите тенисери, како и сите инволвирани во организацијата на турнирот во Задар, најверојатно ќе завршат во самоизолација

„Никој од играчите, ниту пак од организаторите кои биле во близок контакт со Димитров не се чувствува лоши, ниту пак ги покажува симптоми на вирусот. Ние веќе сме организирани и имаме доволно ресурси да му пружиме помош на секој од нив“, велат од Хрватската тениска федерација.

Сепак, под голем знак прашалник е одржувањето на третиот турнир од „Адрија Купот“, кој треба да се одигра во Бања Лука.