Македонско друштво „Илинден”-Тирана најостро го осудува навредливото однесување на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски кој се надмина себеси во видеоконференцијата на неговиот Фејсбук-профил на тема „Геополитика и транспортни коридори на Балканот“.



Македонско друштво најостро ја осудува заканата на Џамбаски дека полека и со ќотек Македонците ќе се вратат на своите “бугарски корени”.

Најостро се осудува национал-шовинистичката политика на Софија кон Македонскиот народ во целина, непризнавајќи го неговото универзално неотуѓиво и неотстапно право на самоопределување и самоидентификација на Македонски народ, Македонски јазик и држава Македонија„ Стои во соопштението на Македонското друштво !Илинден„ – Тирана.