„ Мислам дека Бугарија ја има научено лекцијата од претходните децении, во смисла дека можеше да биде многу покрупен регионален играч, геополитички и геоекономски, а тоа не го направи и не треба да влезе во матриците на 19 и 20 век“, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за Радио слободна Европа.



Мислам дека нема да влезе комплетната бугарска политичка елита, бидејќи ќе сака во нашата држава да биде присутна на поинаков начин, повеќе и на поинаков начин, не со блокади и со вета, и мислам дека е добро да погледаат во примерот со Грција. После Преспанскиот договор Грција неспорно се позиционира како клучниот регионален играч на кој години и децении наназад му беше оневозможен пристапот од оваа јужна страна кон Европа, бидејќи имавме спор кој траеше.

Запрашан за неговата изјава дека Гоце Делчев се чувствувал како Бугарин, но и за изјавите на неговиот советник Денко Малески , Пендаровски со одговор:

„Никогаш не сум зборувал за тоа како се чувствувале луѓето во минатото, значи не зборувам за чувства, туку што напишал некој во документ, бидејќи единствено тоа можеме да го провериме денеска. Кој како се декларирал и денес и тогаш е податливо, видливо од документацијата.

Инаку можеби должам едно кусо образложение во однос на изјавата на професор Малески, во што јас и тој се разликуваме: Јас не мислам дека македонскиот народ произлегол до бугарскиот народ“ вели Пендаровски.