Лидерот на ДУИ, Али Ахмети остварува интензивни консултации со цивилното општество, академската заедница, претставници од дијаспората, интелектуалци и аналитичари, околу името на нашиот кандидат за првиот премиер Албанец во земјата, затоа ги повикуваме сите Албанци, но и другите да ѝ се придружат на иницијатива за деетнизација на последниот столб на отпорот и моноетничката супремација“, вели организацискиот секретар на интегративците, Артан Груби.
Тој вели дека партијата изборната кампања ќе ја почне со промотивна конвенција на кандидатите за пратеници во Преспа, која ќе се одржи во среда со почеток од 13 на отворено, а кампањата ќе заврши во Охрид.
Груби вели дека кампањата нема да биде вообичаена затоа што таа ќе стане движење за првиот премиер Албанец.
„Ова е платформа на која треба да се придружат сите граѓани Албанци и другите, да го поддржат движењето со идеи“.
(МКД)




