Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ и денека се осврна на аудио снимките кои се појавија на Јутјуб и запраша дали „адвокатот Димишков и неговата сестра судијка г-ѓа. Димишкова се недопирлини



„Овој тандем адвокатот Димишков и судијката сестра Димишкова очигледно е дека се недопирливи. Недопирливи за Јавното Обвинителство. Додека во државата одговараат граѓани за не носење на маска и плаќаат по 20 евра, адвокатот Димишков и судијката Димишкова не се ниту повикани во Јавното обвинителство да дадат исказ, ниту е поведена истрага зошто разговарале, тргувале и на крајот тоа се реализирало, ослободување од притвор за сума од 6 милиони евра, истакна .

Во нормална европска држава според стандардите на Рајнхард Прибе, ваков случај брат – адвокат и судија – сестра како што се тандемот Димишкови и пазарење на мерка притвор, нејзино изрекување или нејзино отповикување и двајцата мислам дека би завршиле во притвор. А, не само тоа би имало и сериозна, обвинителска и судска разврска, вели М;илошоски.

Тој постави прашање до јавната обвинителка Вилма Русковска, зошто се уште го нема повикано адвокатот Димишков да даде исказ за овој 6 милионски трансфер за ослободување од мерката притвор и запраша и дали неговата сестра Весна Димишкова е најголемата заштита за ваквото тргување со притвори од страна на адвокатот Димишков.

„Во аудио снимките што ги слушнавме имаше и еден израз од гласот кој што се говори дека е на адвокатот Димишков кога ја испорачува цената од 6 милиони евра кон соговорникот, вика –„Чекам пас, да ми дозволат дали ова може да го завршиме“.

Прашањето е од кого чека пас, од кого чека зелено светло адвокатот Димишков?

Дали чека зелено светло од Курто Дудуш? Дали чека зелено светло од Амди Бајрам? Или можеби чека зелено светло од Зоран Заев?

Кој одлучува колкава ќе биде цената за еден притворен граѓанин, без разлика дали е стопанственик или нешто друго? Дали цената ја одлучува адвокатот? Дали цената ја одлучува судијката? Или ја одлучува оној од кого чекаат пас? И дали тоа можеби е господинот Зоран Заев? Или Вице Заев?

Затоа уште еднаш денес апелираме адвокатот Димишков и Зоран Заев јавно да излезат и да дадат изјава за јавноста, дали потврдуваат или демантираат дека се дел од овој случај на тргување на притвор за 6 милиони евра.

Господинот Заев може слободно да демантира и иднината пред нас овие неколку дена тоа можат да го потврдат или можеби потоа тој самиот може да биде демантиран од некои други снимки“, вели Милошоски, како што пренесува Плусинфо.