Трамп побара помалку тестови за корона за да има помалку случаи


Претседателот на САД, Доналд Трамп, на првиот предизборен митинг Оклахома, објави дека побарал да се намаи обемот на тестирање за ковид 19, бидејќи имало пртемногу случаи на детектирани со коронавирус.
„Знаете, тестирањето е меч со две острици. Кога тестирате масовно, ќе најдете повеќе луѓе. Затоа им реков на моите луѓе ‘забавете го тестирањето’“, рече Трамп вчерашниот митинг.
Неименуван претставник на Белата куќа подоцна изјавил за Си-Ен-Ен дека „претседателот очигледно се шегувал“.