Од понеделник најверојатно ќе биде укината мерката за приложувањe негативен PCR тест направен во последните 72 часа, како и потпишување изјавата за самоизолација од 14 дена на граѓани што влегуваат во Македонија, наговести вчера министерот за здравство Венко Филипче .
Викендов во Комисијата за заразани болести ќе се дискутира за ова, а одлуката да нема услови при влез во земјата ќе зависи од бројките на новозаразени лица, по Владата ќе донесе и одлука.
„Со оглед на тоа што не можеме да живееме затворени и тоа што апсолутно целиот регион, еве сега со нови податоци, со исти епидемиолошки ризик, овој викенд ќе имаме состанок со Комисијата за заразни болести и ќе разговараме за отворање на границите од следната недела. Веднаш после заклучокот после препораката, којшто ќе се темели на анализите, ќе ја соопштиме таа одлука на јавноста“, рече министерот Филипче во гостување на ТВ Канал 5.
Министерот објасни дека предвид се зема и тоа што во целиот регион епидемиолошкит ризик е еднаков, веќе се отвораат и аеродроми, се отвора цела Европа, насекаде во светот и секаде се препорачуваат истите мерки, секаде важат истите принципи на превенција, така што одлуката би требало да биде да се отворат границите целосно, без карантини и без PCR тестирање.






