Д-р Марјан Баловски, пулмологот од ГОБ „8 Септември“ алармира дека во моментов во болницата се наоѓаат пациенти со тешка и екстремно тешка состојба.



Имаме вкупно 136 пациенти од кои 90 се веќе потврдени позитивни, 40-тина пациенти високо суспектни за Ковид-19, 7 се поставени на респираторно-асистирана вентилација, 6 се на вентилација со маска, значи одиме по тенка жица, буквално прашање на време е кога и тие ќе мора да бидат интубирани и да преминеме на инвазивна вентилација, а 80% од овие пациенти бараат кислородна поддршка“ – рече д-р Баловски во емисијата „360 степени“ на Алсат М .