На предлог на Комисијата за заразни болести, Владата на вечерашната седница донесе измени на Протоколот за отворање и работа на кафетериите и на угостителските објекти за исхрана.
Овие објекти сега ќе работат според работното време утврдено во нивните лиценци, наместо до 22 часот како што досега беше определено со протоколите.
Измените стапуваат во сила со денот на нивното објавување во „Службен весник“.





