Кајри Ирвинг ја изненади американската кошаркарска јавност со барањето да си замине од тимот со кој лани ја освои НБА титулата, а годинава играше во финалето. Навивачите на Кливленд се во шок со причините, а тие според плејот се Леброн Џејмс и сенката на кралот која го покрила Ирвинг, и не му дозволувала да блесне уште посјајно. Раководството на Кавси е запознато со ситуацијата и со барањата на Кајри и нема намера да го спречи во намерата да го напушти Охајо, по што тргнаа и шпекулациите за неговата следна дестинација.



Се споменува Сан Антонио кој веќе има понуда која опфаќа двајца играчи од тимот на Грег Поповиќ и еден пик од следниот драфт.