29 случаи на ковид-19, од кои два во текот на вчерашниот ден, се рагистрирани во Армијата на Република Македонија.
Тројца од заболените се хоспитализирани, а другите се во изолација и на домашно лекување, дознава „360 степени“ од Генералштабот на Армијата.
Претходно, претседателот на Синдикатот на одбраната и безбедноста Ристо Ајтов денеска на прес-конференција објави дека е значителна бројката на заболени од коронавирусот меѓу војниците.





