Притоа, на социјалните мрежи преку твит од еден од лидерите на движењето „Бојкотирам“, почна да се шири наслов што не постои на платформата. Редакција САКАМДАКАЖАМ.МК поднесе кривична пријава до Министерството за внатрешни работи (МВР) против непознат сторител, за фалсификување на логото на редакцијата и ширење лажни вести.
Пријавата доаѓа откако вчера, со лажна вест, беше фалсификувано логото на САКАМДАКАЖАМ.МК.
Кривичната пријава е поднесена против против НН лице корисник/сопственик на твитер профил со назив: @realLOshGZE, поради сторено кривично дело согласно Член 205 став 5 од Кривичниот законик кој вели: „Тој што ќе ја загрози сигурноста на друг со лажна закана за пренесување или со ширење на невистинити тврдења за постоење на неизлечлива заразна болест ќе се казни со парична казна или затвор до шест месеци“.






