И Стејт департмент ја поздрави пресудата за Јанева

Преку портпаролот, амриканскиот Стејт департмент ја поздрави вчерашната пресуда на Кривичниот суд, во која поранешната специјална обвинителка Катица Јанева доби првостепена казна затвор од седум години, додека вториот обвинет Бојан Јовановски мина со девет години.



„Овој случај става јасно до знаење дека злоупотребата на јавна функција за лична корист ќе биде казнета соодветно”, рече гласноговорникот на Стејт департменотот.

Од Стејт Департментот додаваат дека и натаму одблизу го следат овој случај и дека фер и непартиско менаџирање на судството е суштинско за иднината на Македонија.