Јанева не сака да ја слушне пресудата за „Рекет“


Поранешната шефица на СЈО и второобвинета во случајот „Рекет“ побарала да не присуствува на денешното изрекување на пресудите во овој предмет каде првообвинет е Бојан Јовановски – Боки 13.



Таа поднела барање до Судот да не биде спроведена за да ја слушне пресудата, а информацијата ја потврдила и нејзината правна застапничка во овој случај, Ирена Фрчкоска, дознава А1. Он.

Јовановски и Јанева се обвинети откако бизнисменот Орце Камчев, обвинет во истрагата за предметот „Империја“, обвини дека бил принуден на Јанева и Јовановски да им даде милион ипол евра за да му ја олеснат положбата во истрагата.

Судењето за предметот „Рекет” почна во ноември минатата година. Обвинението беше поднесено против три лица. На првото рочиште за овој случај обвинетитот Зоран Милевски-Кичеец ја прифати вината и на следното рочиште беше осуден на три години затвор.

Јанева и Јовановски изјавија дека се невини.