Ванковска: Две години по „мажењето“ на Македонија излезе како во онаа: „кога се мажеше, што ти се чинеше?“

Професорката Билјана Ванковска со коментар за двегодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор.



„Две години откако ја ‘омажија’ Македонија во богата фамилија… Излезе како во народната: кога се мажеше, што ти се чинеше?

Ете, ‘името’ не само што не нè храни, туку државата дури стаса да проси од граѓаните: малку што плаќаме даноци, туку и хуманитарни донации да сме давале!?! А богами и двојазичните табли не помагаат за справување со пандемијата…

Овој ден ќе остане за мене еден од најтрауматичните во животот: ми почна со гнев и солзи од мака, ми заврши со гушење од солзавец (гласните жици ми се оштетија трајно и имам проблем при подолго зборување). И две години не запрев со пишување – ова што ѝ го направија на Македонија е настан без преседан, или поточно нешто што може да се спореди само со постапките на колонизаторите кон колониите. Do Macedonian lives matter? I wonder…“, реагира Ванковска.