Филипче: Вториот бран дојде порано од тоа што го очекувавме

Се очекува бројот на пациенти заразени но и хоспитализирани од коронавирусот уште повеќе да расте, изјави напрес конференција Венко Филипче денеска кога се регистрирани 193 новозаразени ои девет починати пациенти со коронавирус.



„Се очекува дека бројот на испишани на пациенти ќе биде помал од бројот на примени пациенти.

Вториот бран дојде порано од тоа што го очекувавме“, рече министерот за здравство.

Во болниците во моментов се сместени 330 пациенти заболени од Ковид-19, а најголеми жаришта на Ковид-19 во земјава засега се Скопје и Тетово.

Министерот рече дека засега не се планира да се воведат нови рестриктивни мерки, туку активностите се насочени кон реорганизација на болниците и лоцирање на контактите со цел да се има комплетен увид во кластерите.