Диџеј Ицко од Антена 5 почина од коронавирус

Познатиот диџеј Ицко, кој долги години работеше во радиото Антена 5, е уште еден медиумски работник кој почина како последица на компликации од коронавирусот во нашата земја. 



Неговите колеги, пријатели и соработници уште рано утрово започнаа да споделуваат фотографии со познатиот диџеј, преку кои жалат за прерано згаснатиот живот на човекот имааше голем придонес за развој на македонската електронска сцена.

Тој подолго време бил хоспитализиран, но за жал не успеа да ја добие битката со вирусот.