Дванаест шишиња вино во спомен на стреланите од Ваташа

Во спомен на стреланите 12 момчиња од Ваташа пред 77 години, денеска симболично беа подарени 12 шишиња вино во месноста Моклиште.



На шишињата беа прикачени и стиховите од песната „Цветови“ на Славно Јаневски, посветена на овој трагичен ден од македонската историја.

Виното го подари семејната винарија „Параџик“. МИА