Кошаркарската репрезентација на Македонија ја оствари втората победа во „Трофеј Македонија“, откако вечерва ја совлада селекцијата на Холандија со 78:72. Првата четвртина ја доби нашата репрезентација (20:9), додека во втората Холандија беше подобра со 19:21, со што Македонија со +9 замина на пауза. Третата четвртина ја добивме повторно ние со тесна разлика (14:11), но затоа Холандија се разигра во последните 10 минути и комплетно не надигра (8:20), по што дојдовме до нерешен резултат, па се замина во продолженија.
Сепак таму, Македонија собра сили, а избраниците на Јорданчо Давитков се изборија за победа против „лалињата“. На крајот, Стојановски за Македонија беше најефикасен со 23 поени. Последниот натпревар Македонија го игра против селекцијата на Босна и Херцеговија.





