Претседателот на македонскиот парламент синоќа потпишал решение за изменување и дополнување на Решението за распишување на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија на 15-ти јули 2020 година
„Како што ви е веќе познато, политичките лидери во Република Македонија постигнаа договор за закажување на нов датум за одржување на предвремените парламентарни избори. Консензуалниот датум на власта и опозицијата е 15-ти јули 2020.
Овие избори ќе бидат невообичаени по тоа што нема да има вообичаена
изборна кампања, меѓутоа, тоа што е поважно и на кое ќе мораме сите да
се придржуваме на најдисциплиниран начин се мерките и препораките на
Министерството за здравство, со цел да се заштити здравјето и животот на
граѓаните.
Решението за изменување и дополнување на Решението за распишување на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија на 15-ти јули 2020 година го потпишав синоќа и истото е архивирано и пратено до Државната Изборна Комисија, до Министерството за надворешни работи и Министерството за правда, со што се запазуваат роковите за деновите утврдени во Уставот“, стои во соопштението од Собранието на Македонија.





