Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, смета дека лошите политики во СДСМ се должат на пропустот на Зоран Заев кој дозволи многу луѓе да влезат во партијата, а не се достојни за таму.
„Тоа што поединци ги искористија своите функции кои што многу лесно ги добија или ги стекнаа бидејќи во најголем дел ги немаше во првите борбени редови. А, потоа дополнително успеаја да се наметнат во партијата не е пропуст на Максим Димитриевски или друг, туку на самиот лидер затоа што си дозволи тоа“, нагласи Димитриевски во јавување на ТВ 24.
Димитриевски рече дека очекува лично извинување од Зоран Заев бидејќи изнесе со многу погрешни ставови околу него.





