Вратени се сите граѓани на Србија, кои индивидуално денеска заминаа за Грција преку Македонија и Бугарија.
Србите дефинитивно нема да можат да влезат во Грција до 1 јули. Сите патувања преку агенциите до оваа дестинација се сусендирани, изјавија од srpskoto Министерство за трговија, туризам и телекомуникации за Б92.
Српската амбасада побара објаснување за оваа одлука, изјави министерот за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ за „Танјуг“, бидејќи пред само два дена министерот за надворешни работи на Грција му ветил на Дачиќ дека границите ќе бидат отворени на 15 јуни?“.
Тој исто така вели дека пред тоа, на 19 мај, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис истото го ветил на Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и дека сега чекаме одговор и појаснување.
Само државјани на ЕУ можат да влезат во Грција од Бугарија, а границата меѓу двете држави е отворена точно во 11 часот, соопшти денеска Бугарската гранична полиција.
Грција на 29 мај објави дека ќе ги отвори своите граници за 29 земји-членки на ЕУм, но и за земји што не се членки од 15-ти јуни.
Србија беше меѓу тие земји, а беше објавено дека граѓаните на Србија нема да мора да имаат тест за ковид 19 ако патуваат во таа земја.





