Пропаднале дипломатските обиди на СДСМ да добие поддршка за избори на 5 јули, тврдат партиски извори кои биле индиректно инволвирани во лобирањето кај претставници на меѓународната заедница да се даде “ветар” на позицијата на Заев за избори без опозиција.
Повеќе извори потврдуваат дека од неколку меѓународни претставници со кои комуницирале луѓе од врвот на СДСМ бил добиен одговор дека земјата не смее да оди на “скршени” избори на кои нема да учествува најмоќната политичка партија и со тоа да се отвори нова политичка криза.
Странците до пренесувачите на пораката на Заев испратиле сугестија партијата да не се закопува во дипломатски ровови и да не лицитира со датуми пред да се договори со сите други партии.
Од СДСМ во исто време било побарано да се почитуваат правните и политички аргументи на опозицијата која побара изборот да бидат набљудувани од соодветна мисија на ОБСЕ/ОДИХР и соодветни процедури поврзани со изборниот список.
Ваквиот развој на настаните според упатените е најголемиот пораз на Зоран Заев од меѓународните инстанци за кои СДСМ тврдеше дека даваат безрезервна поддршка на партијата.
По два “бетон” термини на 21 јуни и 5 јули сега Зоран Заев ќе мора да оди на трет датум за кој не се знае дали ќе биде на 12 јули Петровден или на 15 јули.




