„Доколку се исполнат условите за востановена набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР и воведување сериозни здравствени протоколи за денот на гласање, ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на изборите на 15 јули и ќе биде победничка партија“, порача на денешната конференција Антонијо Милошоски кој ги претстави двата услова иопозициската партија да учествува на изборите.



„Ние како сериозна партија одржуваме линкови за комуникација со сите партии, во овој случај ние ги кажавме нашите ставови и очекуваме СДСМ да ја преземе одговорноста и да се обрати до нас и да не извести дали прифаќаат фер, демократски, меѓународно признати легитимни избори со намален здравствен ризик и добри протоколи и да се соочиме пред народот на 15 јули “,порача Милошоски.