Проф. Вело Марковски со предлог кој може да ги спаси изборите

Професорот Вело Марковски кој на почетокот на кризата предлагаше поинаков начин за битка против коронавирусот предлага мерка со која значително би се намалила опасноста од гласачите на денот на изборите.



Според него решението е во тестирање на потенцијални членови на избирачки одбори. Доколку тие бидат негативни тогаш значително ќе се намали опасноста по гласачите, смета професорот Марковски чие интервју за емисијата Заспиј ако можеш на Алфа ТВ во април е едно од најгледаните видеа на просторите на поранешна Југославија последнава година.

Целиот предлог на Вело Марковски кој смета до средината на јули ситуацијата за избори ќе биде многу поповолна од сега.

Интересен е предлогот за детални протокли во кои најстручно и во најситни детали ќе се дадат насоки за заштита на гласачите при евентуалните избори кои би се одржале во средината на јули.

Јас лично мислам дека денот на изборите со добри превентивни мерки ќе претставува еднаков ризик за ширење на КОВИД-19 исто колку и секојдневните активности кои ги имаме во изминатиов три месечен период (одење по пазари, чекање ред на каса во супермаркети, патување со автобуси…)

Уште еднаш сакам да потенцирам дека од есенцијално значење е вршење на скрининг на присуство на заштитни антитела (ИГМ или ИГГ) кон КОВИД-19 со што ќе имаме увид колкав процент од населението веќе имало контакт со вирусот и се имунизирало.

Значи, луѓето кои немале симптоми а имаат антитела се заштитени од болеста (многу подобро отколку да се вакцинираат доколку би имало вакцина). Тие неможат да се разболат и со самото тоа не можат да ја пренесат болеста.

Еве еден предлог, кој според мене може да помогне за регрутирање на најранливата категорија на денот на изборите а тоа се посматрачите.

Да се тестираат серолошки и доколку има доволен број на луѓе со антитела од нив партиите да си регрутираат набљудувачи. Вакви бројни предлози можат до максимум да ја подигнат безбедноста на денот на изборите дури и ако остане епидемиолошката сосотојба ваква.

Лично мислам дека до средината на јули ќе биде многу по релаксирана состојбата.