„Сите законски и уставни услови за одржување на изборите се исполнети. ДИК како извршно тело има обврска да ги спроведе изборите кои по закон и Устав се на 5 јули.
За непостапување по законите следува одговорност“, напиша Зоран Заев во објавата на социјалните мрежи, кусо по денешната пресконференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.





