Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека изборната кампања треба да почне откако мисијата на ОБСЕ/ОДИХР ќе дојде во земјава, а тоа е помеѓу 19-ти и 21-ви јуни.
Кампањата ќе трае три недели, што значи дека и првиот можен датум за избори би бил 15-ти јули, рече Мицкоски.
Ден претходно, на 14-ти би гласале болните, лица во самоизолација поради коронавирусот и оние постари од 65 години. Тие ќе гласаат од своите домови.
Доколку ОБСЕ/ОДИХР закасни со мисијата, тогаш датумот би бил поместен за подоцна.
ДУИ и СДСМ координирани: Изборите да траат три дена





