ОБСЕ/ОДИХР не може да дојде пред 21 јуни со што изборите ги помести за 15 јули

Организацијата за мониторинг на избори ОБСЕ/ОДИХР објави конкурс за оценска мисија во Македонија кој трае до 16ти јуни.



Според конкурсот и предходните искуства мисијата на ОБСЕ/ОДИХР теоретски може ја да испрати таканаречената оценската мисија (Assessment mission) во Македонија меѓу 19 и 21 јуни по што следниот ден би влегле во изборна кампања. Тоа значи дека првата недела од кампањата во земјава ќе нема меѓународни набљудувачи што би било преседан во Европа.

Според лидерот на опозицијата доколку до крајот на денот Заев преземе соодветни чекори а ОБСЕ/ОДИХР ги забрза сите процедури , првиот можен датум за избори би бил 15ти јули а предходно на 14ти јули дома би гласале болни, лица во самоизолација и постари од 65 години.

Доколку ОБСЕ/ОДИХР закасни со својата мисија за неколку дена тогаш датумот за избори ќе мора да биде поместен за подоцна.