70-годишен Американец добил сметка од 1,1 милиони долари за трошоците за лекување од Ковид-19 во болница, пишува „Сиетл Тајмс“, пренесува Хина.
Мајкл Флор бил примен во болница во Сиетл на 4 март и останал таму 62 дена, а состојбата му била многу тешка, во еден момент бил многу близу до смрт.
Бил пуштен од болница на 5 мај, на задоволство на лекарите и медицинските сестри кои се грижеа за него – но пова добил сметка на цели 181 страници според која треба да плати 1.122.501,04 долари, јави АФП.
Меѓу трошоците се : 9.736 УСД за за интензивна нега дневно, близу 409 000 долари за адаптирање на просторијата во стерилен простор во трање од 42 дена, 82.000 долари за употреба на респиратор за 29 дена и скоро 100.000 за два дена кога бил во животна опасност.
За среќа, Флор нема да мора да плати бидејки трошоците ќе ги покрие „Медикер“, програмата на Владата за осигурување за стари лица објави „Тајмс“.
Американскиот здравствен систем е еден од најскапите во светот..






