Помпезно најавуваната мерка дека здравствените работници ангажирани во спраување со Ковид-19, ќе добијат картичка со 40% пропадна во вода. Наместо 40%, добија смешни 92 денари, со кои може да купат домашни производи.
Габриела Илиевска здравствен работник, вработена во Клиничката болница во Битола како медиинско-лабораториски аналитичар, истовремено и независен советник во Советот на Општина Битола добила 92 денари, наместо најавените 40 % од плата како мерка за справување со Ковид-19.
Таа за тоа била исмевана од колегите во Советот на Оптшина Битола, јавува ТВ 21 ккоја пренесува снимка од седницата.
Министерката за финансии ја признава грешката, вели дека ќе има корекции.
„Работници како што гласи уредбата добиваат 40% од основната нето плата, таа листа брои 4.400 здравствени работници која што ја доставува Фондот за здравствено осигурување. Морам да посочам дека денеска се прави соодветна корекција на листата која што Фондот ќе ја достави до генералниот секретаријат, а тие ќе ја процесираат до банките за евентуални корекции, бидејќи истите потеницраа дека има грешки во однос на износите на нето платите“, рече Нина Ангеловска.
Во добивањето на платежна картичка со која може да се купуват само домашни производи опфатени се вработените во Центри за јавно здравје, Итна помош, инфективните одделенија и вработени во други одделенија ангажирани за тестирање, дијагностицирање и лекување на граѓани заболени од КОВИД-19






